soobrakajka1

Седум сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди

Во текот на вчерашниот ден (08.02.2018 година), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, три сообраќајни незгоди со телесни повреди и три со материјална штета.

При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и три лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 17 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а 21 возач биле исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Поради нерегистрирани возила од сообраќајот исклучени се 17 возила а шест возила – поради истечена важност на сообраќајната дозвола. Исто така, тројца возачи се санкционирани поради неправилно престигнување, а санкциониран е и еден пешак којшто минувал коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 102 мандатни платни налози, додека 88 возила се подигнати со “пајак”.

Видете следно

pimen

Отец Пимен испрати силна порака по повод големиот празник Прочка

Отец Пимен во предвечерието на големиот празник синоќа порача: – О ти човеку што држиш …