23/11/2017
dr-Naum

Секој десети Македонец боледува од дијабетес

Околу 200.000 илјади граѓани на Македонија боледуваат од подмолната болест дијабетес која директно предизвикува сериозни проблеми со видот, аларамираат од Специјалната очна болница „Деница“ од Скопје по повод Светскиот ден на дијабетесот.

И овој 14-ти ноември, Светот го обележува денот на дијабетесот преку глобална кампања, промовирана од Светската здравствена организација (СЗО) за да се зајакне свесноста на граѓаните за потребата од засилена грижа за превенција на оваа болест.

Според светската статистика, оваа болест последните години доживува рапиден раст и од неа боледуваат околу 450 милиони луѓе во светот.

Доктор Наум Трпеноски од Специјалната очна болница Деница советува сите лица што страдаат од дијабетес да направат навремена контрола на видот. Видот е еден од позначајните здравствени аспекти кој страда како последица токму на оваа болест.
Многу лица со дијабетес имаат проблеми со видот. Нарушувањата на видот почесто се јавуваат кај долгогодишните дијабетичари и кај оние пациенти кај кои регулацијата на шеќерот во крвта е несоодветна. Токму поради овие причини, за лицата со дијабетес многу е важно да не ги занемаруваат проблемите со видот и редовно да одат на прегледи кај офталмолог. Најчестите промени кај дијабетесот се јавуваат на крвните садови на мрежницата на окото и на очната леќа.

Видете следно

alibaba

Alibaba инвестираше 2,9 милијарди долари во најголемиот кинески ланец на продавници

Интернет гигантот Alibaba во понеделникот објави дека ќе инвестира 22,4 милијарди хонгконгски долари (2,87 милијари …