Што ќе донесе 2018та за бизнисот и за граѓаните?


Домаќинско тршење на државните пари, внимателно менаџирање со јавниот долг, поголемо кредитирање на компаниите, ослободување на бизнисот од притисокот на политиката, спроведување на законите без селективен пристап. Ова се само дел од проритетите, што според економистите треба да бидат не само на економската туку и на политичката агенда за да се испорачаат позитивни економски резултати во новата 2018 година, пишува економската анализа на Portalb.mk. Дел од познавачите сметаат дека инфраструктурата треба да биде еден од клучните сегменти кон кои ќе се насочи Владата. Дали во 2018 година ќе се испорача посакуваниот раст на БДП повисок од 3 отсто?

Повисоки плати, помал буџетски дефицит….

Во новата година, дел од вработените во јавниот сектор ќе добијат повисоки плати. Во АРМ месечните примања ќе се зголемат за 10% а на политицијата и во здравството за 5%. Ова се предвидува со новиот Буџет. Токму во 2018 година ќе се троши и досега најголемиот буџет од 3,44 милијарди евра, исцртан заедно со амбициозни планови за капитални инвестиции и намалување на буџетскиот дефицит. Дел од економистите сметаат дека она што е ставено на хартија треба и да се исполни, особено во делот на јавните финансии и идните задолжувања.

“Во текот на 2017 година не беше можно да се очекуваат директни економски подобрувања, временскиот рок за позитивни ефекти беше прекраток, но какво било промашување и неостварување на проекциите за 2018 година, нема да може да се оправда. Не би требало да има воопшто проблем за да се оствари проектиранит раст од 3,2%, особено што оваа проектирана стапка ќе се спореди со годината која измина и во која речиси да немаше конкретни економски активности” – вели економистот Арбен Халили.

Новата Влада најави консолидација на јавните финансии, проектираше и намалено ниво на буџетски дефицит. Дел од економистите велат дека остварувањето на овие прогнози ќе биде детерминирано и од внатрешни и од надворешни фактори.

“Како и домашното така и меѓународното опкружување е динамично и тешко предвидливо што на крај укажува дека е понекогаш неблагородно да се обидуваме со точност да го предвидиме растот на економската активност – се разбира настојувањата треба да бидат проценките за растот кои се презентираат од креаторите на политиките и кои претставуват темели на буџетот да ги реални и да ги земаат предвид најголемиот дел од ризиците и предизвиците со кои се соочува економијата. Во оваа насока многу поважно е да се детектираат клучните точки и потребните структурни прилагодувања кои ќе обезбедат одржливи и значајно повисоки стапки на раст на среден (не само на краток) рок и на тоа треба да биде главниот фокус” – вели за Порталб универзитетскиот професор Борче Треновски.

Видете следно

Левица: Сегашното референдумско прашање содржи три прашања

На референдум мора за секое прашање да има посебно гласачко ливче оти на референдум се …