20/08/2017
2017-serijal

Што нè очекува во ИТ индустријата во текот на 2017-та година

Со цел да направи осврт на случувањата во ИТ индустријата изминатава година, а воедно и да предвиди што нè очекува во текот на 2017-та, специјализираниот портал IT.mk интервјуираше 36 македонски професионалци во 13 сегменти на информатичката технологија и го претстави серијалот IT.mk/2017 .

Годинава што измина беше една од најдинамичните години низ сите ИТ сегменти – од автономни возила, вештачка интелигенција па сè до експлозијата во популарност на платформи како Snapchat, Viber, лажните вести и е-печалбарство, видеата во живо преку Facebook и развојот на стартап еко-системот, меѓу другото… се случуваа револуционерни работи, но и сериозни киксови, како што беше проблемот со батеријата на Samsung Galaxy Note 7 и фактот дека беа хакирани неколку милиони акаунти на светските гиганти Yahoo!, Dropbox, LinkedIn. Но, далеку од тоа дека може да кажеме дека годинава сме виделе сè…

Пред нас е 2017-та, која се очекува да биде уште подинамична година на полето на информатичката технологија, година во која ќе има поголем развој и комерцијализација на автономните возила, напредок на вештачката интелигенција, уште повеќе видеа во живо, четботови и понапредни мобилни апликации, подобрување на е-трговијата во Македонија, фокус на корисничкото искуство во веб апликациите, како и епилог на најактуелната тема во онлајн медиумите за 2016-та – лажните вести и нивниот пласман на друштвените мрежи.

Прочитајте повеќе за очекувањата и трендовите кои следат во серијалот IT.mk/2017 за сегментите:

  • Е-трговија -интервју со Нина Ангеловска (основач на Grouper.mk), Даниела Милошеска (основач на BastetNoir.com) и Нина Нинеска (основач на Modular.mk);
  • Онлајн медиуми – Зоран Ричлиев (новинар, специјалист за дигитални медиуми), Срѓан Стојанчов (новинар) и Мите Кузевски (основач на VidiVaka.mk);
  • Друштвени медиумиДарко Булдиовски (основач, New Media MK), Митко Цабевски (ко-основач и CMO, u:Plug) и Ива Дујак (менаџер за дигитални операции, Brand Union);
  • Вештачка интелигенција – интервју со Игор Трајковски (основач, Time.mk);
  • Онлајн рекламирањеНенад Ристовски (директор на дигитален оддел, Publicis), Филип Младеновски (менаџер за дигитално огласување, Universal Media) и Влатко Серафимовски (Трендоленд);
  • Мобилни апликацииИван Ивановски (основач, Venikom Mobile), Горјан Јовановски (креатор на МојВоздух), и Нино Карас (ко-основач, Letz.do и CodeWell)…

…како и за останатите ИТ сегменти Гејминг, Стартапи, ИТ Кариера, Веб дизајн, Front-end девелопмент, ИТ безбедност, Графички дизајн и Хардвер.

Видете следно

baloteli

Балотели го направи вториот најскап трансфер од Македонија! Еве за колку пари успеа да се продаде

Екипата на Вардар пред неколку дена остана без својот напаѓач Џонатан Балотели, но клубот добро …