13/12/2017
trgovija4

Со кои држави Македонија најмногу тргува

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2017 година, изнесува 70 005 319 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-август 2017, изнесува 73.7%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-август 2017 година, изнесува 196 628 850 илјади денари и бележи пораст од 14.0% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-август 2017 година, изнесува 266 634 168 илјади денари, што е за 9.8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел) и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-август 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Обем на размената, 01 – 08 2017

Покриеност на увозот со извоз

463 263 018 илјади денари

73.7%

7 520 725 илјади евра

73.7%

8 308 492 илјади САД долари

73.9%

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари- август 2017 година, изнесува 3 191 856 илјади евра и бележи пораст од 14.1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 328 869 илјади евра, што е за 9.9% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари- август 2017 година, изнесува 1 137 013 илјади евра. Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-август 2017 година, изнесува 3 530 976 илјади САД долари и бележи пораст од 13.2% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 777 516 илјади САД долари, што е за 8.6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2017 година, изнесува 1 246 540 илјади САД долари.

Видете следно

svetska banka

Светска банка: На Западен Балкан му е потребен побрз раст за да го стигне растот на Европската Унија

Ќе бидат потребни шест децении за нивоата на приход во земјите од Западен Балкан да …