17/10/2017
ENABLE FOTO ZA PR (asistent)

Со лична асистенција до полесно и подобро функционирање на лицата со посебни потреби

Во светот и дел од земјите членки на Европска Унија позитивни се примерите за практики на лична асистенција на лица со посебни потреби. Во Данска и Италија уште од 1998 година со закон е регулирана и загарантирана персоналната асистенција која ја добиваат лицата со посебни потреби. Во рамки на проектот ,,Градење на капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија” имплементиран од страна на Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп се разгледува и состојбата на оваа тема во нашата земја.

Според нивните истражувања во Македонија, комплементарен облик на личната асистенција е опфатен во Законот за социјална заштита, каде се уредува член за помош и нега од трето лице. Овој облик на лична асистенција претставува финансиска поддршка од државата кој се однесува за повеќе хетерогена категорија на граѓани. Ваквата форма претставува финансиска поддршка која најчесто се користи како додаток во буџетите за семејство, но не и за задоволување на социо-емоционалните потреби на лицето со посебни потреби.

Лична асистенција подразбира добивање помош и поддршка на лице со посебни потреби од некое друго лице и тоа во разни области: во текот на извршување на секојдневните потреби, следење на образовниот процес, на работно место. Личната асистенција го намалува степенот на зависност од членови на семејството и му овозможува на лицето со посебни потреби подобрување на социо-емоционалниот живот.

Преку процесот на лична асистенција на лицата со попреченост им се овозможува рамноправно учество во општеството како и останатите граѓани.

Повеќе информации за проектот и активностите во рамки на истиот може да се добијат со контакт на лицето Марија Димитровска, marija.dimitrovska@predaplus.eu..

Видете следно

gluviislepilica

Во Скопје се одбележа Меѓународниот ден на глуви и наглуви лица ,,Слушни и разбери”

По повод Меѓународниот ден на глуви и наглуви лица општествено одговорната фирма Аудитива генерален застапник …