Со што истргува ДУИ, за СДСМ да дојде на власт


Уставот предвидува јазикот да е во службена употреба, целиот закон е во рамките на Уставот. Не се откажавме од двојазичен денар, рече портпаролот на ДУИ Бујар Османи, пренесе А1он.

Според него законот не излегува од Уставот, со што нема да има менување на знамето и химната и како што рече, дијалогот меѓу заедниците е многу важен.

Портпаролот на ДУИ истакна дека разговорите со СДСМ продолжуваат за меѓусебна поддршка за заедничко владеење.

– Утре почнуваме со другите делови за усогласување. Поддршката е крај на еден процес за преговарање, ќе чекаме да видиме како ќе одат преговорите по однос на другите прашања, меѓутоа лидерот Ахмети има статутарно право тоа да го направи без консултација, рече Османи.

Тој не сакаше да коменитра рокови за формирање на Влада и кажа дека остануваат уште прашања да се усогласат доколку сакаат да направат коалиција со СДСМ како и дека се залагаат за што побрзо формирање на влада.

Законот кој е усогласен со СДСМ ја пополнува празнината која што ја имало од Рамковниот договор, вели портпаролот на ДУИ.

Османи појасни дека Ахмети има апсолутно право да ги даде потписите, но се уште не се знае дали ќе ги даде пред или откако ќе падне конечен договор со СДСМ.

– Во правото нема совршени решенија, ние сметаме дека ова е оптимално решение кое го затвара единственото нерешено прашање од Рамковниот договор во делот на донесување закони. Сите разлики се надминати совршен закон немало ниту пак ке има, рече Османи.

Османи појасни декан Ахмети има апсолутно право да ги даде потписите, но се уште не се знае дали ќе ги даде пред или откако ќе падне конечен договор на CO СДСМ.

– Вото право нема совршени решенија, ние крем декан ова е оптимално решение кое го затвора единственото нерешено прашање Чуден Рамковниот договор вото дело на донесување закони. Сител разлики се надминати совршен закон нема ниту пак ке има, рече Османи.

Видео: А1он


Видете следно

Втор ден расправа за Националната стратегија за спречување на корупцијата

Втор ден пратениците во Собранието расправаат по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот …