17/10/2017
ssm nastan 27_03_17

СОЈУЗ НА СИНДИКАТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ГО ПРОМОВИРАШЕ ПРЕДЛОГ ПРОТОКОЛОТ ЗА СОЦИЈАЛЕН НАПРЕДОК ВО РМ

Сојузот на Синдикатите на Македонија изработи предлог Проткол за социјален напредок во Република Македонија, кој претставува стратешки документ за унапредување на позицијата на работниците во рамките на општеството.

Предлог Протоколот за социјален напредок во РМ е изработен според основните уставни начела за економските слободи и социјални права, Законот за работни односи на РМ, определбата на Република Македонија како социјална држава, концептот за социјални права дефиниран во Европската социјална повелба и темелните конвенции на МОТ.

На настан по повод промоција на предлог Протоколот беа претставени идните заложби на ССМ кои се во интерес на промоција, остварување и подобрување на социјалната и економската положба на работниците на РМ, поттикнување на вработување, борба против социјалната исклученост, подобрување и заштита на животните и работните услови, нивото на образованието, обука и заштита на здравјето на работниците, зајакнување на социјалниот дијалог, во насока на обезбедување на фундаменталното значење на социјалниот напредок.

Предлог протоколот за социјален напредок во РМ особено ќе се фокусира на прашањето на натамошен раст на минималната плата со цел изработка на стратегија за зголемување на платите, зајакнување на економскиот раст, пополнување на разликите во работните места и секторите, елиминирање на сиромаштијата и нееднаквоста. 

Видете следно

vmrodpmne

Промена во врвот на ВМРО-ДПМНЕ?!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по синоќешните резултати изјави дека како претседател на партијата, ја …