13/12/2017
ssm nastan 27_03_17

СОЈУЗ НА СИНДИКАТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ГО ПРОМОВИРАШЕ ПРЕДЛОГ ПРОТОКОЛОТ ЗА СОЦИЈАЛЕН НАПРЕДОК ВО РМ

Со усвојување на новиот Протокол ќе се актуелизираат и ќе се решаваат проблемите со колективните договори. Во фокус ќе бидат измени во работното законодавство кои предвидуваат поцврсти одредби за колективното преговарање и склучување на колективни договори, како и отворање на процес за формирање на заеднички фонд за унапредување на социјалниот дијалог, изготвување, потпишување, измени и едукација за колективното преговарање.

Предлог Протоколот за социјален напредок во РМ предвидува овозможување на дополнителни ослободувања од трошоци при работа, користењето на одредени надоместоци, како и прашањата за  бенефициран стаж особено во градежништвото, сообраќајот, железницата и шумарството, како и други професии каде ќе има потреба.

Страните кои заеднички треба да го реализираат Протоколот за социјален напредок ја изразија својата спремност дека посветено ќе работат на остварување на целите и содржината на Протоколот во духот на взаемно разбирање и соработка почитувајќи ги меѓусебно своите и општествените цели, програми и позиции и благовремено ќе се информираат и координираат за начинот, динамиката и форматот на остварување на Протоколот

По усвојувањето, Сојузот на синдикатите на Македонија, Протоколот ќе го достави до сите останати синдикални централи и синдикати, за да се приклучат во остварувањето на неговата суштина и целите на оваа иницијатива. Предлог Протоколот ќе биде доставен и до новата Влада, штом биде формирана, како и до Економско социјалниот совет.

Видете следно

Martinki 5

Мартинките станаа светско културно наследство

„Културните обичаи поврзани со прославувањето на 1 Mарт – Мартинки“ станаа дел од светското нематеријално …