13/12/2017
мотоциклист

Совети и правила за мотоциклисти

Мотоциклистите спаѓаат во групата на учесници во сообраќајот кои  најмногу се  изложени на опасности во сообраќајот  и кај кои што ризикот за здобивање на смртоносни повреди во случај на сообраќајна незгода  е исклучително висок. Во 2016 година,  од 165 загинати лица во сообраќајни незгоди, 13 се мотоциклисти а 2 лица се патници на мотоцикл. Ако се земе во предвид  делот од сообраќајот кој им припаѓа на мотоциклистите тогаш можеме да заклучиме дека  учеството на мотоциклистите во вкупниот број на загинати лица во сообраќајни незгоди е несразмерно висок  во однос на тоа во  колкав дел  од сообраќајот тие  учествуваат. 

Законските прописи во Република  Македонија ја предвидуваат обврската за задолжително користење на  заштитна шлем ( кацига),  како за возачот така и за сопатникот и непочитувањето на оваа одредба предвидува санкција од 50 евра во денарска противвредност.

Секој кој се превезува на мотор треба да знае дека користењето на заштитна кацига го  намалува ризикот од здобивање на  смртоносни повреди на главата и во исто време штити од ветар, прашина,  дожд односно овозможува мотоциклистот безбедно да управува со возилото.

Користењето на останатата заштитна опрема како што се заштитна јакна, заштитна облека, заштитно елече, и други додатоци (чизми, наочари, кожни панталони, ракавици, итн. ) се исклучително  важни за безбедноста на мотоциклистите и лицата кои се превезуваат на мотоцикл, но нивното користење не е задолжително со Законот за безбедност на патниот сообраќај  односно користењето на оваа  заштитна опрема е препуштено на свеста  и одговорноста на  мотоциклистите и за жал истата многу често не се користи.  Токму затоа РСБСП апелира до мотоциклистите, секогаш:

  • Носете заштитен шлем (кацига)
  • Внимавајте на брзината
  • Користете ги трепкачите
  • Одржувајте растојание
  • Користете ги двете сопирачки
  • Избегнувајте „мртви агли“
  • Носете рефлектирачки елек и заштитна опрема

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, секој возач на мотоцикл треба да ги знае и следниве правила:

  • Движењето во група треба да биде еден позади друг
  • Возачот и лицата кои се превезуваат со мотоцикл,  задолжително   носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот
  • За вклучување на јавен пат или на друга сообраќајна површина, кога мотоциклистот се вклучува во сообраќајот од гаража, двор или друга  слична површина, ако видикот му е закриен со друго возило, објект или        предмет или ако видливоста му е намалена возачот на мотоцикл тоа треба да го направи со туркање, а не со возење

Видете следно

Martinki 5

Мартинките станаа светско културно наследство

„Културните обичаи поврзани со прославувањето на 1 Mарт – Мартинки“ станаа дел од светското нематеријално …