13/12/2017
мотоциклист

Совети и правила за мотоциклисти

  • Возачот на мотоцикл не смее со мотоциклот со кој управува да преминува преку пешачки премини и пешачки патеки, а со тоа и да ја загрозува безбедноста на пешаците
  • Возачот на мотоцикл не смее да биде под дејство на алкохол или да превезува лице кое е под дејство на алкохол
  • Возачот на мотоцикл не смее да превезува дете помало од 12 години
  • Возачот на мотоцикл не смее да пренесува предмети пошироки од еден метар
  • Возачот на мотоцикл е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот
  • Полицискиот службеник на самото место привремено ќе му ја одземе возачката дозвола и ќе го исклучи од сообраќај возачот на мотоцикл  кој  управува со мотоцикл без заштитен шлем   и кога  лицата кои се превезуваат не носат или одбиваат да носат заштитен шлем за време на возењето на патот.

РСБСП исто така потсеува дека во овој период од годината особено важно е одржувањето на мотоциклот. За почетокот на пролетната сезона секој мотоциклист  треба да ги  направи  следниве основни проверки  на мотоциклот :

  • Да го замени маслото и филтерот и да ја  провери  течноста за ладење на моторот.
  • Да го исчистете или замени филтерот за воздух
  • Да ги провери сопирачките  и  течноста во сопирачките (глицеринот)
  • Да го провери притисокот на воздух во гумите и дебелината на шарата на гумите.
  • Да го провери и наполни   акумулаторот.
  • Да ги прегледа конзолите и  да го подмачка  синџирот.
  • Да ги провери сите светла/сијалички.
  • Да провери дали гаста, кумплугот и сопирачките функционираат правилно.

РСБСП  на почетокот на сезоната за мотоциклисти апелира до мотоциклистите да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да внимаваат на правилата за ограничување на брзината и да користат  кациги и останата заштитна опрема за пасивна безбедност. Исто така апелираме и до другите учесници во сообраќајот да внимаваат на мотоциклистите и да ги почитуваат како рамноправни учесници во сообраќајот. Посебно апелираме до родителите  да не подлегнуваат под притисокот и барањата на своите деца, да не им овозможуваат „ опасни играчки“ без претходно да им обезбедат основни знаења и способности за правилно и безбедно учество во сообраќајот.

Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

Видете следно

Always_On_5_800x1200

Новите возила на Volkswagen, Polo и T-Roc, го достигнаа највисокиот рејтинг од 5 ѕвезди

Новите возила на Volkswagen, Polo и T-Roc, го достигнаа највисокиот рејтинг од 5 ѕвезди во …