slika4

Совети за безбедно возење во услови на дожд

Дождот е честа појава во есента и токму затоа РСБСП потенцира дека возењето на дожд бара огромна концентрација, внимателност и претпазливост. Искусните возачи знаат дека во услови на дожд и врнежи, дел од карактеристиките на автомобилот се менуваат  кога е во прашање управливоста, забавувањето, забрзувањето и стабилноста на автомобилот.

Ова се неколку важни совети за безбедно возење во услови на дожд:

  1. Доколку врнежите се обилни и улицата или патот е поплавен со вода најдобро е да се паркирате на безбедно место, да почекате и привремено да го одложите патувањето. Бидете особено претпазливи во деловите од патот каде што има подвозници, градежни работи, шахти, работа на пат, итн. и не поминувајте преку воден тек затоа што не сте во можност да ја процените соодветно неговата длабочина и неговата сила.
  2. Намалете ја брзината и држете поголемо растојание затоа што влажниот коловоз го продолжува сопирачкиот пат на возилото. Бидете претпазливи и подготвени при ненадеен „аква-планинг“ односно во случај пневматиците да почнаат да пролизгуваат над слојот со вода и привремено да го изгубат контактот со подлогата- коловозот, немојте да кревате паника и никако не преземајте нагли дејствија, т.е. не кочете и не свртувајте нагло туку само присебно и полека отпуштете ја педалата за гас и наведете го автомобилот во правецот на патот.
  3. 3. Во услови на дожд не е препорачливо да се користи автоматски уред за контола на брзинатаtempomat. затоа што во таква ситуација поголема е веројатноста од појава на „аква-планинг“.
  4. Секогаш држете го управувачот на автомобилот со двете раце. Проверувајте го притисокот на пневматиците и длабочината на шарите и проверувајте ја исправноста на бришачите на ветробранското стакло. По потреба соодветно третирајте го ветробранското стакло за побрзо и полесно „пролизгување“  на водата од дождот и подобро видно поле за возачот.
  5. Не возете блиску позади автобуси и големи камиони. Затоа што се создава прскачки млаз од нечиста вода која го нарушува видното поле на возачот.

Видете следно

soobrakajka1

Вчера се случиле осум сообраќајни незгоди од кои пет со телесни повреди

Во текот на вчерашниот ден (21.02.2018 година), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје …