17/10/2017
zaevsredba2

Средба на премиерот Заев со министрите за надворешни работи на Шведска и на Финска

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министрите за надворешни работи Никола Димитров, за образование и наука Рената Дескоска и за труд и социјална политика Мила Царовска, се сретна со министрите за надворешни работи на Кралството Шведска Маргот Валстром и на Република Финска, Тимо Соини.

„Иднината на Република Македонија е во Европската унија, ги охрабруваме и ги поддржуваме реформите на Владата што водат кон евроинтеграции на земјата“, е пораката што ја пренесоа министрите од Шведска и Финска, на премиерот Заев. Министрите Валстром и Соини изразија почитување за политиките на пријателство што ги водат премиерот Заев и Владата и низ коишто ги решаваат прашањата од интерес за сите граѓани и за државата. Исто така двајцата министри ги соопштија ставовите на нивните држави за поддршка на проширувањето на ЕУ.

Претседателот на Владата, Заев соопшти дека Владата на Република Македонија низ инклузивни политики во земјава и добри пријателски односи со соседите ги отвора евро-атлантските перспективи, затоа што стратешка цел на Македонија е членството во ЕУ и НАТО, што за државата значи стабилност и безбедност, но и поголем интерес за инвестирање во Македонија и развој на економијата.

Видете следно

nbrm-300x169

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ

На 10 октомври 2017 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика …