13/12/2017
starbakskina

Старбакс ја отвори својата најголема локација во светот во Кина (Фото)

Старбакс го отвори својот најголем продажен центар во светот во Кина. Тој се наоѓа во Шангај и е дел од новата серија под брендот Starbucks Reserve Roastery.

Ова е прв објект од ваков тип на Starbucks надвор од САД и е лоциран на импресивни 2 800 квадратни / м површина. Ресторанот е речиси двојно поголем од вториот по големина во Сиетл кој пред три години ги отвори вратите.

Продавницата ќе ја спои 46-годишната историја на компанијата во кафетаријата со “богатата и разновидна кинеска култура”, коментира извршниот директор на Starbucks Хауард Шулц, соопштува CNN Money.

Кина е важен пазар за компанијата, вели Џон Гордон, аналитичар во Pacific Management Consulting.

Последниот квартал се покажа како прилично мрачен за “Старбакс” по разочарувачкиот раст на продажбата. Единствено место со светло беше Кина, која се истакнува како најбрз растечки пазар на компанијата. Продажбата во азиската земја во периодот јуни-септември порасна за 8 отсто во однос на истиот период минатата година.

Ова влева доверба на Starbucks и ја мотивира компанијата да се прошири агресивно во Кина.

За да го промовира својот сајт во Шангај онлајн, “Старбакс” се здружи со кинескиот гигант “Алибаба”.

Погледнете како изгледа новиот најголем објект на Старбакс:

Видете следно

vlada

Владата на Република Македонија синоќа донесе повеќе одлуки

Вчера на редовната седница Владата на Република Македонија го усвои дополнетиот предлог на Буџетот за …