Стојче Тасков, ИНБОХ: Нашата мисија е идентична, наша одговорност е да поддадеме рака и понудиме помош и поддршка за заштита на македонското културно и државно наследство


Ние разбираме дека Државниот Архив на Македонија во овој момент се соочува со големи предизвици. Тој има тешка мисија “да го чува и заштитува вековното културно и државното наследство на Македонија” а кога мисијата е безвременска, тогаш сигурно и очекувано е дека во некои фази ќе се појават предизвици кои треба да се надминат. Нашата мисија во ИНБОХ, како Архив е ИДЕНТИЧНА и затоа чувствуваме и професионална и општествена одговорност во овој момент да ги понудиме сите наши ресурси – архивски депоа, архивски сефови, логистика опрема, технологија и човечки ресурси во служба на Државниот архив за да се надмине предизвикот со кој се соочува. Нема место за паника, туку рационално и одговорно однесување.

Ние упативме формален допис до државниот архив, во кој го известуваме дека стоиме на располагање со сите ресурси без надомест во сите фази на организирање и управување со процесот на селење, привремена заштита и/или конзервација на архивскиот материјал.

Видете следно

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството има недостигот на квалификувана работна сила

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули …