13/12/2017
GastroMak 2017

Светскиот готвачки крем доаѓа во Македонија

Ја имаме честа како почесни гости и стручно жири, да дојдат повеќе великани во светската гастрономија, вистински гастрономски гуруа, од сите страни на земјината топка, од Канада до Русија, од Исланд до Кипар.“, изјави Адријана Алачки, Претседателката на ГастроМак.

Шеесетина врвни Master Chef судии и околу тристотина натпреварувачи и гости од цел свет го потврдија учеството на најголемиот кога било одржан кулинарски настан во поширокиот регион, не само во нашата земја. Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017, годинава ќе се одржи од 25 до 28 октомври во Струмица, а домаќин ќе биде Хотелот Вила Парк. Големиот настан кој што е влезен во календарот на глобалните случувања од ваков тип, е во организација на Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија – ГастроМак, со несебична логистичка поддршка од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот.

Видете следно

vlada

Владата на Република Македонија синоќа донесе повеќе одлуки

Вчера на редовната седница Владата на Република Македонија го усвои дополнетиот предлог на Буџетот за …