11/12/2017
Team Swift + NewMan's Team (1)

Тимот Свифт од Македонија ќе оди на лансирање на ракета во Флорида

На 17ти Мај, во партнерство со Амбасадата на САД во Република Македонија и телекомуникацискиот оператор Вип, ЊуМенс Бизнис Акцелераторот го организираше финалето на 5тото јубилејно издание на NASA Space Apps Challenge во Македонија.

За наградата од Македонија се натпреваруваа 26 тимови составени од програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, иноватори и претприемачи кои заеднички работеа на креирање решенија за проблемите со кои се соочува Земјата и Вселената, со поддршка и совети од експерти од компаниите поддржувачи на овој настан како телекомуникацискиот оператор Вип, TAV Information Technologies, Агенцијата за електронски комуникации, Нетцетера и ФХ3Х.

Финалето се одржа во просториите на ВИП каде тимовите имаа можност да ги престават своите унапредени решенија и да одговараат на прашања поврзани со нивните проекти. Победничкиот тим беше избран од страна на Жири комисија составена од институциите и компаниите поддржувачи на натпреварот, претставници на НАСА и онлајн гласовите од публиката. На финалето се обратија: Ирена Чаушевска, со-основач и генерален менаџер на ЊуМенс, Laura Brown, од Амбасадата на САД во Р.

Македонија (2ор секретар), Димитар Ковачевски, извршен директор на телекомуникацискиот оператор Вип, Славица Кувенџиева, директор на ТАВ ИТ.

Видете следно

industrija1

Франција: 1,9% раст на индустриското производство

Индустриското производство во Франција пораснало во октомври со 1,9% на месечна основа, после 0,8% во текот на …