28/04/2017
trosoci

Трошоците на животот и индексот на цените на мало бележат намалување

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во декември 2016 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало 100.0.

Во 2016 година, во однос на 2015 година, индексот на трошоците на животот и индексот на цените на мало бележат намалување од 0.2%.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2016 година беше различно по одделни групи на потрошувачка.
Намалување на индексите е забележано во групите: Храна и безалкохолни пијалаци и Здравје за 0.4%, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.2% и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 0.1%.

Пораст на индексот е забележан во групите: Рекреација и култура за 1.2%, Транспорт за 0.5%, Облека и обувки и Останати стоки и услуги за 0.2% и Ресторани и хотели за 0.1%.

На ниво од претходната година се групите: Домување, вода, електрика, гас и други горива, Комуникации и Образование.
Движењето на индексот на цените на мало во 2016 година, исто така, беше различно по одделни групи на производи.

Намалување на индексите е забележано во групите: Земјоделски производи за 0.8%, Услуги за 0.3% и Пијалаци за 0.2%.
Пораст на индекситe е забележан во групата Индустриско-непрехранбени производи за 0.3%. Групата Индустриски прехранбени производи е на ниво од претходната година.

Индексот на трошоците на животот во декември 2016 година, вo споредба со декември 2015 година, забележа намалување од 0.2%, а индексот на цените на мало забележа пораст од 0.1%.

Индексот на трошоците на животот во декември 2016 година, во однос на претходниот месец, забележа намалување од 0.1%.
Намалувањето на индексот на трошоците на животот во декември 2016 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на овошјето за 5.9%, рибата и морските плодови и млекото за 0.8%, другите прехранбени производи за 0.7%, алкохолните пијалаци за 0.6%, зеленчукот за 0.5%, оризот за 0.4% и безалкохолните пијалаци за 0.2%.

Исто така, во декември 2016 година, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано кај авионскиот превоз на патници за 6.5%, средствата за чистење и одржување на станот за 0.4%, услугите за рекреација и спорт за 0.3% и лековите за 0.2%.
Пораст на индексите на трошоците на животот во декември 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај другите пекарски производи за 1.2% и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.6%.

Исто така, во декември 2016 година, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај туристичките пакет-аранжмани за 4.8%, информатичката опрема за 2.7%, течните горива за домаќинствата за 2.5%, течните горива и мазива за 1.4%, гасот за домаќинствата за 0.9%, електричните апарати – мали за домаќинствата за 0.4%, облеката, услугите и предметите за лична хигиена за 0.3%.

Видете следно

gruevski

Груевски: СДСМ да прифати нови избори

Најдобар излез од оваа ситуација е да се оди веднаш на брзи предвремени избори, заедно …