Tрошоците повисоки во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување за вработените


Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Во третото тримесечје од 2017 година, во споредба со второто тримесечје од 2017 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0.9%, трошоците за материјали се пониски за 0.3% и трошоците за вработените се повисоки за 3.7%.

Во третото тримесечје од 2017 година, во споредба со третото тримесечје од 2016 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3.3%, трошоците за материјали се повисоки за 2.1% и трошоците за вработените се повисоки за 5.9%.

Видете следно

Царовска: Родово одговорното буџетирање значи создавање еднакво општество

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска се обрати на регионалната Конференција за родово …