Царинските службеници спречија обид за криумчарење маслиново масло, црковни предмети и парфеми


Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија обид за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани маслиново масло, црковни предмети, парфеми, цигари, компјутерски делови, водни пумпи и фалсификати.

Задржана е следната стока:

Маслиново масло, црковни предмети и парфеми

– 95 литри маслиново масло, 110 црковни чаши, 220 парчиња миризлив темјан, 13 килограми парфимирани води, 700 украсни нараквици, 8 килограми фитил и 2 килограми плута за кандила, откриени при контрола босански камион управуван од босански државјанин, пријавен за влез во државата на  граничниот премин Дојран. Непријавените производи, пронајдени во  повеќе кутии и кеси, сместени на креветот и позади седиштата во кабината на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка. 

– 160 парчиња парфеми од 50 милилитри, откриени при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените парфеми, пронајдени во две платнени торби, сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Видете следно

Porsche прослави двојна победа во Ле Манс на 24-часовниот маратон

Porsche уште еднаш направи историја и ги освои двете класи на ГТЕ на најтешката и …