Царинските службеници спречија обид за нелегален внес на стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост


Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија обид за нелегален внес на стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост:

– 468 парфеми, 220 лосиони, 18 рачни торби и 2 комплети несесери со ознаки на заштитена трговска марка, откриени при контрола на стока со потекла од Соединетите американски држави, наменети за увозник од Скопје, пријавени за увозно царинење во царинската испостава Струга. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани, и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност. Пазарната вредност на сомнителните производи е проценета на околу 750 илјади денари, доколку би се продавале како оригинали.

Покрај тоа, биле пронајдени и 4 нови гуми за патничко возило и 1 скара, што не биле опфатени со царинската декларација, за што ќе биде поведена прекршочна постапка против увозникот.

– 1 дијагностички уред за моторни возила со ознаки на заштитена трговска марка, откриен во царинската испостава Аеродром Скопје – отсек за стоково царинење, при контрола на ДХЛ пратка од Сингапур, наменета за физичко лице од Косово. Поради сомневање дека уредот повредува права од интелектуална сопственост, истиот е привремено задржан, и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на неговата оригиналност.


Видете следно

Состанок на Подсекторската група на МЗШВ за предлог Програмата за директни плаќања во земјоделството за 2019 година

Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа работен состанок на Подсекторските групи …