23/08/2017
prodavnica

Цените на мало зголемени за 2.9%

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јули 2017 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.4, а индексот на цените на мало 100.0.

Намалувањето на индексите на трошоците на животот од 0.6% во јули 2017 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежиот и разладениот зеленчук освен компирот за 10.6%, јајцата за 1.7%, млекото за 1.2%, брашното и другите житарици и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.1%, изнутриците за 0.8% и другите пекарски производи за 0.5%.

Исто така, во јули, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 6.4%, автомобилите и течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 4.2%, гасот за домаќинствата за 4.1%, средствата за чистење и одржување на станот за 3.0%, болничките услуги за 2.9%, обувките за 1.1%, градините, растенијата и цвеќињата за 0.7%, цврстите горива за домаќинствата за 0.4%, малите електрични апарати и опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.3%, ткаенините, електричната енергија за домаќинствата, телефон и телефакс апаратите и телефон и телефакс услугите за 0.2%.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 2.6%, сувото овошје и јаткастите производи за 2.5%, другите прехранбени производи за 0.8%, безалкохолните пијалаци за 0.7%, оризот, другите преработки од месо, рибата и морските плодови и замрзнатиот зеленчук освен компирот за 0.5%.

Во јули, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 13.2%, информатичката опрема за 5.2%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 5.0%, услугите за сместување за 4.8%, пакет-туристичките аранжмани за 2.2%, велосипедите за 0.3% и текстилот за домаќинствата за 0.2%.

Индексот на трошоците на животот во јули 2017 година, во споредба со јули 2016 година, бележи пораст од 1.2%, а индексот на цените на мало бележи пораст за 2.9%.

Видете следно

zemjodelstvo

Откупот и продажбата на земјоделски производи зголемени за 11.8%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2017 година, откупот и …