24/09/2017
Tvrdokorni_Objava protiv Dvojazicnost

“Тврдокорни” со протест против воведување двојазичност

Здружението “Тврдокорни” заедно со „Светскиот Македонски Конгрес”, „Македонски Манифест”, “Преродба”, “Македониум”, „ГИ Нѐ-ИМА” и „Граѓанска иницијатива” ПОВИКУВААТ на јавно и силно изразување на незадоволство против најавеното усвојување на Закон со кој се наметнува двојазична употреба покрај македонскиот и на албанскиот јазик на целата територија од Република Македонија.

Должност на секој Македонец е да ја брани македонската татковина од губењето на македонскиот карактер на државноста. Предложениот закон за двојазичност ќе има долготрајни и несогледливи последици врз карактерот и иднината на нашата татковина. Ги повикуваме сите Македонци масовно да се придружат на побуна пред Собранието на Република Македонија на 13 Гроздобер (Септември) 2017 година од 18.30 до 20.00 часот.

Протестот е со барање до гласачката машина наречена „Собрание” да го отфрли разгледувањето на Закон за употреба на јазиците, бидејќи воведувањето на двојазичноста која во него е предвидена е неуставен и противправен чин кој ги погазува македонските историски права, унитарноста и територијалниот интегритет на Република Македонија. Ги става во нерамноправна положба помалите етнички заедници, го нарушува соживотот и наметнува надреденост на малцинството.

Протестот е пријавен како мирен и непартиски, а организаторите се оградуваат од можни обиди за исценирање на недоличности. Секој обид за нарушување на редот и мирот ќе биде решително спречен од нашата редарска служба.

Поради тежината на последиците се наметнува неизбежен императив – двојазичноста мора да биде спречена. НЕМА ДА СЕ СЛОЖИМЕ И ДЕМОКРАТСКИ И РЕАЛНО ЌЕ СЕ СПРОТИВСТАВИМЕ НА УСВОЈУВАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ ДВОЈАЗИЧНОСТ И БИЛО КОЕ НАРУШУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ КАРАКТЕР НА ДРЖАВНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Доколку противправно составеното „Собрание” го потврди својот антимакедонизам, изврши ново тешко велепредавство и спротивно на волјата на македонскиот народ усвојува некаков Закон за двојазичност, здружението Тврдокорни ќе ги искористи сите расположливи демократски средства за докажување на нелегитимноста, се вели во соопштението на „Тврдикорни“.

Видете следно

esport 1

Познати македонските претставници на светското еспорт првенство во Кореа

Две екипи ќе ја претставуваат Македонија на светското првенство во еспорт, кое годинава, во ноември, …