Уште 8 дена за да инвестирате во својата професионална кариера


Меѓународната бизнис академија на Економски факултет – Љубљана, во Скопје, ја изведува современата и високо квалитетна академска и бизнис  меѓународна магистерска програма. Државниот Економски факултет во Љубљана  е основан во 1946 год., има репутација на најдобра високообразовна институција од областа на економија и менаџмент во Словенија, со над 8.000 домашни и странски студенти во текот на секоја академска година. Акредитиран со највисоките академски и бизнис акредитации – EQUIS и AASCB, факултетот спаѓа во елитната групација на високо рангирани институции во Европа и во светот. Ова е привилегија на помалку од 5% од бизнис школите ширум светот. Покрај овие две значајни акредитации, факултетот ја има и AMBA акредитацијата, која ја поседуваат само 2% од школите за Мастер студии за Бизнис Менаџмент (MBA). Со овие програми Економски факултет – Љубљана 

(IBA – International Business Academy, Master programme) е рангиран на 45-то место на светската листа на бизнис школи.  Дипломата е академска и бизнис, ја издава Економски факултет – Љубљана на англиски јазик и на словенечки јазик и е валидна во сите земји во светот.

Јавниот отворен повик за сите кои што сакаат да инвестираат во својата професионална кариера е отворен до 15 февруари 2018.

Заинтересираните кандидати за детални информации може да се обратат до Регионалниот центар на Економски факултет–Љубљана (www.ef.uni-lj.si)  во Скопје (cisef@skopjefair.com.mk; 070 338 570).

1 (3) (2)

Мастер програмата по БИЗНИС и ОРГАНИЗАЦИЈА овозможува стекнување специјалност во областа на: економија, финансии, стратегија, менаџирање, управување со човечките ресурси, преговарање, проактивно мислење и креативно дејствување… По завршување на програмата, секој поединец ќе биде подготвен стручно и високо професионално да се соочи со предизвиците на секоја компанија, фабрика, институција…

Постдипломската рограма по БИЗНИС И ОРГАНИЗАЦИЈА ги содржи следните 15 предмети: Микро и макро економија, Бизнис околина, Организација и менаџмент, Стратешки менаџмент, Логистика и оперативен менаџмент, Финансиски менаџмент,  Маркетинг за менаџери, Менаџмент на човечки ресурси, Системи за поддршка на одлучување, Преговарање, Бизнис истражување, Сметководство за менаџирање, Економски менаџмент и Изборен курс I, II, III.

Мастер студиите ги  профилира следниве кадри:

– Менаџери и претприемачи кои што имаат генерални и специјализирани
менаџерски одговорности

–    Високо – функционални лидери што имаат повеќекратни одговорности

–  Извршни директори кои што сакаат да развијат интегративна перспектива и да ги
усовршат своите таленти и вештини

–  Амбициозни технички експерти на кои што, исто така, им се потребни економско
знаење и управувачки способности

–    Мотивирани индивидуалци кои што себеси се гледаат како потенцијални лидери

–    Дипломирани студенти кои што немаат работно искуство

1 (4) (1)

Предавањата ќе се реализираат во Скопје од страна на професори од Словенија и други европски универзитети. Студентите ќе ги добијат потребните дополнителни материјали и последните изданија на предвидените учебници од Англија и од САД на англиски јазик, кој што е и официјален јазик на студиите.

Со цел да се постигне висок квалитет на наставата, бројот на студенти во една генерација е ограничен до 25 студенти.

За упис на студиумот, секој кандидат е потребно да ги исполнува следниве услови:

– Диплома од завршени додипломски студии (било кој профил на високо образование)

– Познавање на англискиот јазик

Меѓународната мастер програма нуди одлични можности за контакти од бизнис средината како дел од Алумни клубот со повеќе од 10.000 членови и интернационалната бизнис асоцијација – “Beta Gamma Sigma”.

Видете следно

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството има недостигот на квалификувана работна сила

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули …