УТРЕ СТАРТУВА СЕДМАТА НЕДЕЛА НА ДИЗАЈНОТ ВО СКОПЈЕ


Унгарија, каде се создадени пенкалото познато како „биро“ (Ласло Биро, 1938), Рубиковата коцка (Емо Рубик, 1975) и Нојмановата архитектура што е основа на сите модерни компјутери (Јанош Нојман, 1945), е земјата во фокусот на годинашното 7. издание на Недела на дизајнот во Скопје (22-26 ноември).

„Обликување на Унгарија – дизајнот во 21. век“ е изложба која ќе се одржува во рамките на Неделата на дизајнот во Скопје, со која ќе се претстават 25 современи млади индустриски дизајнери, инoватори и инженери, кои на најдобар начин потврдуваат дека се потомци на генерацијата од 20. век која ги постави темелите на унгарската креативност.

Генерациите кои пораснаа во Унгарија по промената на политичкиот систем во 1989 се поконкурентни на меѓународниот пазар благодарение на високото ниво на образование, како и на зајакнувањето на екосистемот на креативната индустрија и иновативноста, освојувајќи  простор во сѐ повеќе области, а унгарските пронајдоци, патенти и индустриски дизајни  постигнаа голем успех во целиот свет.

Видете следно

Предвидена изградба на 554 станови, со вкупна корисна површина од 41 505 м2

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2018 се издадени 205 одобренија за …