13/12/2017
Sasko Vigor

Васил Пеевски е двократен бармен шампион на Македонија

На 4 октомври, во кафе барот „Министерство“ во центарот на Куманово се одржа деветтото издание на Vigor Barmen Cup, култното коктел натпреварување кое сè повеќе успева да ја доближи коктел културата до широката публика.

Оваа година, натпреварот се фокусираше на категоријата „класика“, а првото место го освои Васил Пеевски од Скопје со неговиот коктел „Hubba Bubba“. Васил Пеевски го освои првото место и на минатогодишниот Vigor Barmen Cup.

Второто и третото место им припаднаа на охриѓаните Славчо Мирчевски (со коктелот „Ruby Star“) и Даниел Новиќ (со коктелот кој го носеше името на летниот хит „Despacito“).

Vasil Peevski (2)За најатрактивен коктел беше избран коктелот „Yoovah“ на Владимир Димковски од Куманово, а за најдобра стручна работа коктелот „Keep the Secret“ на Мики Пецов од Кочани.

За време на натпреварувањето публиката имаше можност да ги дегустира подготвените коктели.

Водителот Сашко Коцев, освен што беше задолжен за да ги бодри натпреварувачите и да ги забавува гостите, одлучи и самиот тој да ги испроба своите способности за подготовка на коктел. Како се снајде популарниот водител во оваа улога може да погледнете тука.

Подготовката на коктелите се одвиваше под будното око на трите члена од стручното жири. Мирта Дуиќ, бренд менаџер на Бадел 1862 Загреб за јаки алкохолни пијалаци, Марио Мајцен, повеќекратен хрватски шампион во флер категорија, и Анте Жиго, основач на Сплитското здружение на бармени. Жири членовите внимателно ги оценуваа вкусот, бојата, изгледот на коктелот, како и претпазливоста и стручноста на мајсторите при подготовката.

Вигор Бармен Куп, во организација на Бадел 1862, веќе девет години по ред интензивно работи на подигнувањето на коктел културата во Македонија на врвно ниво. Секое ново издание на овој значаен настан е одлична можност за бармените да научат нова техника, нов рецепт, или пак да се истакнат со своите врвни мајстории и способности.

Видете следно

“Auto Trophy 2017”: three first places for Audi

Три први места за Audi од “Авто трофеј 2017″

Читателите на AUTO ZEITUNG го избраа најдобриот светски автомобил: Оваа година, двата најпосакувани трофеи одат …