Веќе десет дена трае откупот на жолтото злато: Најавени повисоки субвенции


Веќе десет дена трае откупот на жолтото злато. Големите откупувачи велат дека ќе ги преземат сите количества. Тутунарите бараат реални цени. Премиерот Заев и министерот за земјоделство Николовски во посета на откупниот пункт во Прилеп. Најавени повисоки субвенции…

Тутунот е квалитетен и постигнуваме добра цена, велат тутунарите кои на вагите на откупниот пункт на прилепскиот Тутунски комбинат ја следат проценката нивниот труд. Откупот се одвива непречено.

Просечната цена е 209,5 денари и тутунарите имаат достоинствена валоризација на трудот. Субвенциите ќе стигнат навреме и со нив годинашниот просек е 269 денари, констатира премиерот Зоран Заев, кој денеска беше на откупните пунктови на Сокотаб во Кривогаштани и во Прилепскиот комбинат. Најбитно е да се стимулира побарувачката на тутун со што ќе се зголеми и цената.

Ќе се стабилизираат состојбите во комбинатот со целосна трансформација, а во земјава за наредната реколта влегува и нов откупувач од Грција. За новата реколта со законските измени, субвенциите ќе бидат по 80 денари за прва, 70 за втора и по 60 денари за другите класи тутун. Во земјава од тутун егзистираат 30.000 семејства. Инаку, досега се откупени две третини од реколтата, односно преку 17.000 тони.

Видете следно

Објавен редовниот конкурс за учениците од основите и средните училишта по повод Светскиот ден на штедењето и Светскиот ден на осигурувањето

Денес, Народната банка на Република Македонија (НБРМ), Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија за …