Vitalia - Crunchy and Healthy 2

„Виталиа” – 25 години производство и едукација за здрави прехранбени навики

Македонската производна компанија за здрава храна „Виталиа” слави јубилеј 25 година постоење на македонскиот пазар. 25 години на општествено одговорно однесување и континуирана едукација на населението за потребата од здраво исхранување. Компанија која од самото основање е целосно фокусирана на развивање, подигнување и унапредување на свеста на потрошувачите и промена на потрошувачките навики, како една од основите за здрав, квалитетен и долг живот.

Јубилејот 25 години, компанијата ќе го одбележи со низа активности во текот на целата година, кои ќе бидат во духот на едукацијата за здрава храна и поддржување на позитивните вредности во општеството, нешто што Виталиа го прави 25 години наназад.

Виталиа во сите сегменти на делување покажува високо ниво на општествена одговорност. Во процесот на производство употребува обновлив извор на енергија – природен гас, има имплементирано сертификат за следливост на Палмовото масло, од суровина до финален производ, ефикасно управува со амбалажниот отпад, а производите се со еколошко пакување. Се произведуваат високо нутритивни производи, за различни целни групи, спортисти, дијабетичари, за лица интолерантни на глутен, за деца, за халал пазари. Ги има имплементирано најстрогите интернационални стандарди за безбедна храна како IFS, НАССР, ISO, BRC, Vegetarian.

„Виталиа” поттикнува дијалог и едукација на децата во училиштата, донира во институциите кои имаат потреба од помош, поддржува спортисти, уметници. Го поддржа проектот #МрдниСоПрст, нахрани 1000, овозможувајќи на наши сограѓани да ги почувствуваат бенефитите од здравата храна, го иницираше  едукативниот проект 5 –ка за здрава храна со кој нутриционисти ги посетуваат училиштата и градинките низ земјава.

Видете следно

28161907_1550041601780765_363341285821953775_o

Општина Карпош ќе започне да го спроведува проектот за насочување на младите, популарен како Job Shadowing

Општина Карпош ќе биде една од четирите општини во кои ќе започне да се спроведува …