23/08/2017
gradeznistvo

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство за 14.1% помалку во споредба со истиот период лани

Вредност на договорените и извршените градежни работи во странство, јануари-март 2017

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-март 2017 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2 265 602 илјади денари што е за 14.1% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 365 475 илјади денари што е за 139.1% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Холандија, Босна и Херцеговина и Германија.

Вредносните податоци за периодот јануари- март 2017/2016 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 58.3258 денари.

Видете следно

ilon

Илон Муск: Самостојните автомобили ќе доминираат од 2040г.

Извршниот директор на Tesla Inc. бил гостин на World Government Summit во Дубаи, каде зборувал …