28/04/2017
izvoz2

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија бележи пораст од 5.4%

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-ноември 2016 година, изнесува 241 950 630 илјади денари и бележи пораст од 5.4% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-ноември 2016 година, изнесува 339 520 438 илјади денари што е за 5.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2016 година, изнесува 97 569 807 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-ноември 2016, изнесува 71.3%. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија. 

Во периодот јануари-ноември 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

 

Обем на размената, 01-11 2016

Покриеност на увозот со извоз

581 471 068 илјади денари

71.3 %

9 438 816 илјади евра

71.3 %

10 494 517 илјади САД долари

71.2 %

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари- ноември 2016 година, изнесува 3 927 536 илјади евра, и бележи пораст од 5.4% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 511 280 илјади евра што е за 5.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари- ноември 2016 година, изнесува 1 583 744 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-ноември 2016 година, изнесува 4 364 227 илјади САД долари и бележи пораст од 5.5% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 130 290 илјади САД долари што е за 5.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2016 година, изнесува 1 766 064 илјади САД долари.

 

Видете следно

gruevski

Груевски: СДСМ да прифати нови избори

Најдобар излез од оваа ситуација е да се оди веднаш на брзи предвремени избори, заедно …