13/12/2017
germanijaizvoz

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – октомври 2017 година бележи пораст од 16.0 %

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – октомври 2017 година, изнесува 255 455 873 илјади денари и бележи пораст од 15.9% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – октомври 2017 година, изнесува 343 296 039 илјади денари, што е за 11.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2017 година, изнесува 87 840 167 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – октомври 2017, изнесува 74.4%. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и  облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – октомври 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Обем на размената, I-X 2017 Покриеност на увозот со извоз
598 751 912 илјади денари 74.4 %
9 722 106 илјади евра 74.4 %
10 903 802 илјади САД долари 74.6 %

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – октомври 2017 година, изнесува 4 147 741 илјада евра и бележи пораст од 16.0 % во однос на истиот период од  претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 574 365 илјади евра, што е за 11.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари- октомври 2017 година, изнесува 1 426 624 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – октомври 2017 година, изнесува 4 657 736 илјади САД долари и бележи пораст од 16.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 246 066 илјади САД долари, што е за 12.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2017 година, изнесува 1 588 330 илјади САД долари.

 

Видете следно

svetska banka

Светска банка: На Западен Балкан му е потребен побрз раст за да го стигне растот на Европската Унија

Ќе бидат потребни шест децении за нивоата на приход во земјите од Западен Балкан да …