28/04/2017
dalmacija

Вкусот на убавата Далмација – Далматински деликатеси во Јавна соба

На 24. април во Јавна соба ќе биде промовирана далматинската кујна, односно главниот туристички адут – храната, по која голем број на туристи се враќаат повторно во Хрватска со години. Се работи за чиста гастронска уметност и баланс на вкусови за кои далматинците се прави виртуози.

“Храна за душу!!”,  така ја нарекуваат нашите гости кувари од Задар, Хрватска,  Игор Чупахин и Марцел Шкарица  храната која што ја подготвувале нивните баби, па мајки, а тие биле благословени што ги наследиле рецептите и дури многу успешно ги надградиле додавјки современ далматински шарм низ призма на зачини, сосеви и начин на сервирање.

За оваа пригода на 24. април во Public Room подготвено е типично приморско мени кое е зачинето со шмек од  континентални намирници за да се избалансираат вкусовите и доживее Далмација на вистински начин.

Игор Чупахин вели  “Ние луѓето од Задар и Далмација сме големи, весели и питоми луѓе, сакаме секој пат да јадеме многу и добро,  и  добро го правиме тоа,  особено кога покрај себе имаме добро друштво и врно вино.”

Линк до настанот: https://www.facebook.com/events/1341311225947877/

Вкусот на Далмација” е уште една програмска активност во рамки на прогрaматa “Вкусот на Скопје”  која Јавна соба ја спроведува во соработка со гости кувари  и има за цел да креира вистински вреднсоти во поглед на гастрономија и добро конзумирање на храна во Македонија. WWW.PUBLICROOM.ORG

Видете следно

parking2

Колку паркиралишта и гаражи како објекти за паркирање има во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година, бројот на паркиралишта и гаражи, …