13/12/2017
administracija

Владата најави реформи во администрацијата

Очекувам новата стратегија за реформа на јавната администрација да биде испратена до Владата пред крајот на оваа година, рече министерот Дамјан Манчевски на денешната презентација на буџетот за 2018 година на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

„Реформата на администрацијата следната година ќе се насочи главно кон дигитализацијата на администрацијата, преку неколку проекти, на кои ќе се потрошат 146,5 милиони денари, односно 2,37 милиони евра. Меѓу нив се унапредување на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), како и надградба на постојниот електронски систем за управување со документи, а ќе се воведе и целосно нов систем за електронска наплата на административните такси.

Сепак, главни од реформите на администрацијата ќе бидат создавање централен електронски регистар на население и нов национален портал за е-услуги.

Граѓаните ќе добијат сопствен електронски идентитет со кој ќе може да се идентификуваат и да добиваат електронски услуги од институциите. Електронскиот регистар на население ќе ги реши бројните проблеми на граѓаните што ги имаа со многу различни бази на податоци, на различни институции. Меѓу другите, конечно и дефинитивно ќе го решиме проблемот со избирачкиот список“ – рече Манчевски.

И тој и новиот национален портал за е-услуги ќе се развиваат заедно со ЕУ, појасни Манчевски.

Порталот за е-услуги, кој е целосно нов, ќе биде пуштен следната година.

– Значително ќе се зголеми бројот на услугите што државата ги нуди на граѓаните по електронски пат. Овој проект опфаќа сериозни инвестиции во опрема, но исто така и сериозни зафати во делот на законската регулатива – порача министерот за информатичко општество и администрација.

Тој појасни и дека се планира да се инвестира во нова побезбедна систем-сала, во која ќе се смести најголемиот дел од опремата во државна сопственост, која е чувстителна од аспект на националната безбедност и заштитата на податоците на граѓаните, пишува Мета.

Видете следно

turistimk

Бројот на туристите е зголемен за 12.1%, а бројот на ноќевањата за 6.4%

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2017 година изнесува …