Владата отворена да ги слушне предлозите на менаџерите во Македонија


Асоцијацијата на менаџери на Македонија, на својата прва трибина помеѓу нејзините членови и владиниот сектор, на тема “Новите даночни измени и новиот Буџет за 2018 година” која се одржа во текот на вчерашниот ден во просториите на Park Hotel & Spa – Скопје, реализираше исклучително продуктивна средба на менаџерите членки во АММ со Премиерот на Владата на Република Македонија, Г-дин Зоран Заев, како и со Министерот за финансии, Г-дин Драган Тевдовски. По сублимирањето на самата дебата, претставници од Асоцијацијата истакнаа дека членовите и останатите заинтересирани менаџери ќе може да ги испратат своите предлози, најдоцна до 10.12.2017 на официјалната маил адреса на АММ: info@amm.com.mk. По собирањето на конкретните предлози, Асоцијацијата ќе достави барање до Владата и до соодветното Министерство за разгледување и можно прифаќање на истите.

Трибината ја отвори Претстедателката на Асоцијацијата на Менаџери на Македонија, м-р Маја Ристова, која истакна дека “Да се биде менаџер во РМ е навистина тешка и одговорна задача. Основна причина за потешкотиите е во недоволната грижа за развојот на менаџерите и нивните менаџерски способности. Затоа приоритет на Асоцијацијата е да ги обедини сите менаџери на едно место, во кое слободно ќе ги разменуваат своите визии и искуства, и каде ќе ги презентираат своите деловни потреби и проблеми, за што АММ максимално ќе се погрижи за решавање на истите”.

На трибината учество земаа менаџери – членови на Асоцијацијата, но и засегната група на менаџери кои ги препознаа вредностите на Асоцијацијата и ја искористија трибината за членство во самата Асоцијација.

1 (3) (1)


Видете следно

Се огласи МЗШВ: Престанок на работен однос и дисциплинска постапка за државниот секретар Цветaн Трипуновски

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остро реагира на денешната прес конференција на Генералниот секретар …