ВМРО-ДПМНЕ иницираше приклучување кон „Трите мориња“


Ви го пренесуваме интегралниот текст од прес конференција за медиуми на Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во целост:

„ВМРО-ДПМНЕ ќе поведе надворешно политичка иницијатива за пристапување на Република Македонија кон иницијативата „Три мориња“ во која што членуваат дванаесет европски земји во триаголникот на морињата од Балтикот, од Црно Море и од Црно Море до Јадранското море.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги насочи своите надворешно политички ресурси, иницијативи и контакти со цел за обезбедување на Република Македонија на нејзино полноправно членство во оваа важна регионална иницијатива.

Се работи за иницијатива која што покрива еден милион и двесте илјади километри квадратни и повеќе од 110 милиони жители.

Членки на оваа иницијатива три мориња за која што сакаме и Република Македонија да се приклучи се следните дванаесет земји, тука се трите Балтички земји, Литванија, Естонија и Латвија, понатаму средноевропските земји како што се Полска, Унгарија, Чешка и Словачка, на оваа иницијатива се приклучи исто така и Австрија како една од истакнатите земји членки на Европската Унија, понатаму тука во оваа иницијатива се Словенија и Хрватска, како и Романија и Бугарија. Сметаме дека Република Македонија треба да биде тринаесеттата земја членка која што ќе се приклучи на иницијативата „Трите мориња“.

Текстот продолжува на следната страна


Видете следно

Реализиран проект на Здружението за младински иницијативи, ЦИК-ЦАК поддржан од општина Крива Паланка

Денеска во просториите на општинската сала Здужението Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка …