24/09/2017
vmrodpmne

ВМРО-ДПМНЕ ја комплетира листата кандидати за градоначалници! Еве кои се новите предлози

Ви пренесуваме интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ:

„Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ е опцијата која подготвува најдобра програмска и најдобра персонална понуда за кандидати за градоначалници и советници за претстојните локални избори. Тоа е гаранција за успех и нова убедлива победа на претстојните локални избори. Тоа е резултат на нашиот долгогодишен принцип за заеднички пристап кон лоцирање и решавање на потребите на граѓаните о единиците на локалната самоуправа.

Тоа е белегот на нашата работа. Истовремено граѓаните во овие 100 дена можеа да се уверат во целокупната лицемерност и неспособност на Социјал-демократскиот сојуз и господинот Зоран Заев. За овие 100 дена граѓаните ја видоа катастрофалната пракса на Зоран Заев од работењето во Струмица, изобилува со непотизам и матни зделки кои се пресликуваат и на централно ниво. Граѓаните не сакаат тоа да го видат во својата општина и затоа убедливо ќе ја казнат штетната, противправна и деструктивна политика на Социјал-демократскиот сојуз.

Почитувани,

Видете следно

jani

Се огласи Јани Макрадули во врска заштитата на амбиентниот воздух: Еве што вети заменик министерот

На денешната прес конференција заменикот министер за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, информираше …