13/12/2017
kina ekonomija

Во Кина веќе има речиси 100 градови со население од над 1 милион лица

Кина веќе има речиси 100 градови со население над еден милион луѓе, соопштува “China Business Network” (CBN), повикувајќи се на податоци од Министерството за домување и развојот на урбаните и рурални средини. Според информациите, градовите со над 1 милион жители биле само 37 во 1997 година., додека денес тие се над 90.

Но, за разлика од другите земји во светот, каде што обично зголемувањето на населението е знак за повисок економски развој на соодветниот град, тогаш во Кина не е така.

Во САД на пример само 9 града имаат население над 1 милион жители, а меѓу нив Вашингтон е политички центар, а останатите економски мотор на земјата. Слични градови во Кина се третостепени и придонесот им е многу помал.

 

Видете следно

vlada

Владата на Република Македонија синоќа донесе повеќе одлуки

Вчера на редовната седница Владата на Република Македонија го усвои дополнетиот предлог на Буџетот за …