Во Македонија првпат изби нова кожна болест меѓу фармските животни


Денеска здружението за зажтита на животните Анима Мунди објави вест за нова кожна болест која избила меѓу фармските животни, првпат во Македонија, која е со висок степен на преносливост меѓу самите животни.

После сите возможни светски и локални епидемии на т.н. животински болести, во кои настрадаа незамисливи бројки на животни и луѓе,
после прогласувањето на месото од Светската Здравствена Организација за канцерогено или предизвикувач на канцер, заедно во иста категорија со цигарите и азбестот, после стотици студии за штетните ефекти од сите животински производи, после сите апели и истражувања за разорните ефекти што животинските индустрии ги имаат врз животната средина и ресурсите на планетата, поттикнувајќи и нееднаквост и глад во сиромашните земји, после сите недолжно и непотребно убиени животински индивидуи, со трагична статистика од 60 милијарди само на годишно ниво, сметаме дека е редно да сфатиме дека ролетните од очите мора да се кренат и да разбереме дека животните не се дел од човечкото мени, зашто тоа сите нас колективно нѐ чини и ќе не чини многу скапо, се вели во соопштението на Анима мунди.



Видете следно

Одржана 35-тата седница на Советот на Општина Центар

Советот на Општина Центар, вчера ја одржа редовната 35-та седница. Од 23-те точки на Дневниот …