17/10/2017
gluviislepilica

Во Скопје се одбележа Меѓународниот ден на глуви и наглуви лица ,,Слушни и разбери”

По повод Меѓународниот ден на глуви и наглуви лица општествено одговорната фирма Аудитива генерален застапник за Oticon слушни апарати по петти пат успешно организираше традиционална хуманитарна акција сo деца со оштетен слух.

Цел на оваа акција е дружба и социјализација на децата со оштетен слух.

Во успешната организација на акцијата од страна на Аудитива и оваа година учествуваше Театарот за деца и младинци.

По повод светската недела на детето Театарот за деца и младинци го даде својот придонес со донирање на влезници на децата со оштетен слух за преставата,,Волшебната флејта“ и овозможи децата да поминат незаборавен ден во дружба и забава.

Видете следно

Samit100

Започнува реализацијата на регионалниот проект „Едисон“ за електрификација на автопатиштата во регионот

Над 150 бизнис лидери од Југоисточна Европа, четворица премиери од Западен Балкан, министри и претставници …