Временска прогноза: Од наредната недела повторно промени


За време на овој викенд времето ќе биде стабилно, претежно сончево и релативно топло. Се очекува да дува слаб до умерен претежно југозападен ветер.

Во понеделник ќе биде топло, но ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет најпрвин во западните делови.

Ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер и преку денот ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд.

Од вторник се очекува да биде посвежо, а утринските температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Видете следно

ГРАД СКОПЈЕ ПОСТАВИ ДИГИТАЛНИ МЕРАЧИ НА БРЗИНА ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

За да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни незгоди …