22/10/2017
germanijaizvoz

Вупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија бележи пораст од 16.2% во однос на истиот период од претходната година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 146 245 756 илјади денари и бележи пораст од 16.2% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 199 947 002 илјади денари што е за 11.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 53 701 246 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јуни 2017, изнесува 73.1%. 

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-јуни 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Обем на размената, 01 – 06 2017

Покриеност на увозот со извоз

346 192 758 илјади денари

73.1%

5 619 023 илјади евра

73.1%

6 091 812 илјади САД долари

73.1%

 

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари- јуни 2017 година, изнесува 2 373 541 илјади евра, и бележи пораст од 16.4% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 245 482 илјади евра што е за 11.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 871 941 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 2 576 110 илјади САД долари и бележи пораст од 13.1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 515 702 илјади САД долари што е за 8.0% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 939 591 илјади САД долари.

 

Видете следно

turizam

Бројот на туристите зголемен за 20.4%

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2017 година изнесува …