23/06/2017
FA_20170518_1312_HiRes

WIZZ AIR ПРОСЛАВУВА 13 ГОДИНИ СО ПОСТОЈАН РАСТ И ЗНАЧИТЕЛНИ ДОСТИГНУВАЊА

Wizz Air денеска ја слави 13-годишнината од првиот лет. Во годините поминати  од тогаш, WIZZ стана најголемата ниско буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа и има постигнато некои извонредни пресвртници. Сега, потрошувачите на  Wizz Air можат да се придружат на прославата и да откријат една од 141 постоечки дестинации, во ниско – буџетната мрежа на Wizz Air, со попуст до 30%, на сите линии резервирани до полноќ.

Wizz Air е особено возбуден што може да ги објави победниците на предизвикот за млади на првиот WIZZ меѓународен натпревар. Од 978 регистрирани тимови, топ 40 ги презентираа своите проекти на жирито составено од членовите на високиот менаџерски тим на Виз Ер и други експерти. Победничкиот тим е од Хрватска и беше награден со бесплатно неограничено патување на мрежата WIZZ за една година.

Wizz Air верува дека напорната работа треба да биде избалансиранa со активен животен стил, а со тоа поддржува неколку меѓународни настани за трчање низ Европа во градовите како Клуј-Напока, Кошице и во Скопје. Повеќе од 35.000 тркачи од повеќе од 50 земји кои веќе учествувале во Wizz Air настаните за трчање во 2017 година, со многу повеќе во Будимпешта, Киев и Софија. Разгледувајќи ја можноста да летате со WIZZ во воздухот, зошто да не се пријавите и на една од овие возбудливи настани за трчање?

Во изминатите 13 години, WIZZ прелетал 1 милијарда километри, што е еквивалентно на кружење околу земјата 25.000 пати и пренел  речиси 135 милиони патници. Секој авион во флотата на 81 Airbus A320 и A321 авион на Wizz Air – еден од најмладите во Европа – лета во просек повеќе од 12 часа на ден,  извршени се скоро 880.000 летови, трошејќи повеќе од 1,4 милиони часови во воздухот, што се претставува  извонредни 163 години на постојано летање. Wizz Air во моментов нуди повеќе од 500 патишта од 141 аеродроми во 42 земји, а имаат и една од најразновидните мрежи од  која било европска ниско буџетна авиокомпанија , од Тенерифе на западниот дел до  Астана на исток и со најдолг пат Катовице-Дубаи (4639 км), а има уште 40 нови правци кои  ќе почнат  со работа во 2017 година.

Во периодот од 12 месеци, до 30 април 2017 година, повеќе од 24 милиони корисници ја искористија можноста да патуваат со WIZZ, уживајќи во ниските цени, лесен систем за резервации и одлична услуга за време на летот. Од ден на ден, речиси 3.300 авијациони професионалци од 42 различни националности нудат одлична услуга за време на WIZZ  летовите.

Јозеф Варади, Главниот извршен директор на Wizz Air,  изјави: “13 години по првиот лет на Wizz Air, ние го славиме  успехот на тимот WIZZ во постигнување на извонредни резултати и продолжување со силен раст. Досега сме дале можност на речиси 135 милиони патници да ја  откријат Европа и пошироко со ниските цени на Wizz Air и да патуваат на една од најмладите флоти во Европа, додека уживаат во одличната  услуга за време на летот понудена  од страна на секој од нашите речиси 3.300 колеги. Wizz Air сега поврзува 141 дестинации во 42 земји, каде што нашите летови ги зајакнуваат  деловните односи меѓу земјите, како и стимулирање на локалниот туризам и Авијационите индустрии. Славете  денес со најголемата ниско буџетна авиокомпанија во Источна и Западна Европа со уште пониски цени од нормалните. Целиот  WIZZ  тим ве очекува што поскоро на еден од нашите летови.

 

Видете следно

okta

ОКТА ја продолжува успешната соработка со Централниот депозитар за хартии од вредност

Компанијата ОКТА втора година по ред дивидендата на своите акционери ќе им ја исплати преку …