20/08/2017
yahoo

Yahoo станува Altaba

Американскиот интернет гигант Yahoо ќе смени името во Altaba, а извршниот директор Мариса Мајер ќе го напушти одборот на директори, по завршувањето на договорот со Verizon Communications.

Според договорот Yahoo ќе ги продаде основните интернет операции на телекомот, кои вклучуваат дигитално рекламирање, email услуги и медиумски канал. За нивното стекнување Verizon ќе плати 4,83 милијарди долари.

Стекнувањето ќе го одбележи крајот на интернет компанијата. Yahoo ќе поседува само 35,5% удел од Yahoo Јапонија, како и 15% од кинеската компанија за онлајн трговија Alibaba Group Holding Ltd.

Видете следно

baloteli

Балотели го направи вториот најскап трансфер од Македонија! Еве за колку пари успеа да се продаде

Екипата на Вардар пред неколку дена остана без својот напаѓач Џонатан Балотели, но клубот добро …