Заев ја повика бизнис заедницата во Турција, да се запознаат со новите услови и можности за инвестирање во Република Македонија


Премиерите на Република Македонија и Република Турција, Зоран Заев и Бинали Јилдирим одржаа заедничка прес конференција на којашто ги потврдија јавно заложбите за унапредување на економската соработка меѓу двете држави и зголемување на трговската размена на една милијарда евра, изјавија од Влада.

– Ја искористивме приликата да побараме, Владата на Република Турција да размисли за овозможување квоти за Република Македонија, за извоз на телешко и јагнешко месо, како што е тоа овозможено за БИХ и Република Србија, соопшти на прес конференцијата премиерот Заев.

На почетокот на прес конференцијата премиерот Заев се заблагодари на поканата на премиерот Јилдирим за официјалната посета и оцени дека тоа е можност двете земји да го потврдат пријателството и да ја зајакнат соработката.

– Сакам да порачам дека со голема загриженост ги следевме трагичните настани на 15 јули 2016 година. Го осудивме обидот за државен удар и ги поддржуваме демократските избрани институции на Република Турција, рече премиерот Заев.

Во продолжение претседателот на Владата, Заев соопшти:

Видете следно

Предвидена изградба на 554 станови, со вкупна корисна површина од 41 505 м2

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2018 се издадени 205 одобренија за …