nina_angelovska

Започнува со работа првата македонска Асоцијација за е-трговија

Електронската трговија претставува мотор за подобрување на економската состојба на една земја и придонесува кон зголемување на ефикасноста и намалување на невработеноста. Електронската трговија е од ислучителна важност и за намалување на сивата економија во Република Македонија. Во Република Македонија до сега не постоеше официјално тело чиј домен е токму е-трговијата и нејзинот развој. Потребата за асоцијација за е-трговија покрај Grouper ја препoзнаа и Бизнис Конфедерацијата на Македонија, Адвокатската канцеларија Станковиќ и Јошевска, порталот Bankarstvo.mk, и Друштвото за копјутерски консултатски услуги ММ Дисоски  кои се и основачите на асоцијацијата. Претседател на првата асоцијација за е-трговија во Македонија е Д-р Нина Ангеловска.

Ангеловска е ко-сопственик и директор на Grouper кој е директно заслужен за раздвижувањето на е-трговијата од 2011 година. Покрај бројните ангажмани како говорник, тренер и предавач, тековно таа е ангажирана и како консултант за e-бизнис и е-трговија во Македонски Телеком. Со нејзиното богато емпириско искуство во полето на е-трговијата, но и теоретско со нејзиното академско образование на полетото на е бизнисот заокружено со одбранетиот докторски труд на тема “Одговорите на менаџментот на предизвиците во е-трговијата во Македонија – Случај на сајт за групно купување преку дневни зделки Grouper.mk”,  Ангеловска е назначена како претседател кој ќе ја води асоцијацијата за е-трговија. Таа е прпознаена со бројни награди и признанија со кои се здоби почнувајќи од студенстските денови заокружена во моментот со изборот од Форбс на листата ”30 под 30” во Retail & eCommerce

Ангеловска ја истакнува значајноста за развојот на е-трговијата во земјава и посочува дека формирањето на оваа асоцијација е неопходност за сите засегнати страни во е-трговијата и државата со цел да се креира поволна клима за економски раст.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на идустријата. Асоцијацијата ќе се занимава со лобирање, правна помош, тренинзи и истражувања и со тоа ќе се стреми да изгради поволна околина за раст на е-трговија во Македонија. Со цел заеднички да обезбедиме одржлив раст во оваа индустрија, потребен е холистички пристап и учество од сите засегнати страни.” - вели Ангеловска

Првиот проект на кој работи асоцијацијата е изготувавање на сеопфатна анализа за состојбата со е-трговијата во Македонија. Д-р Ангеловска посочува дека скенирањето на постоечката состојба на полето на е-трговијата ќе биде појдовна точка за предлози за понатамошни активности и проекти на асоцијацијата. Првата прес конфенреција на која ќе се презентира анализата и програмата на асоцијацијата ќе се одржи на крајот на месец март.

“Не радува што има многу голем интерес и расположение за вклучување од навистина голем број на компании и институции. Ги охрабруваме сите учесници во е-трговијата, вклучувајќи ги финансиските институции, инфраструктурните провајдери, софтверските компании, сите компании кои нудат производи и услуги онлајн, организациите кои нудат формално и неформално образование, софтверските компании, макркетинг агенциите и останатите засегнати организации и компании да ни се придружат и да земат активно учество во асоцијацијата” - посочуваат од АЕТМ.

Видете следно

28161907_1550041601780765_363341285821953775_o

Општина Карпош ќе започне да го спроведува проектот за насочување на младите, популарен како Job Shadowing

Општина Карпош ќе биде една од четирите општини во кои ќе започне да се спроведува …