13/12/2017
zemjodelstvo

Земјоделските субвенции ќе се исплатат најдоцна до 30 јуни 2017 година

Поради различните изјави и толкувања во јавноста за исплатата на земјоделските субвенции, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сака да ја потсети јавноста дека, земјоделците секоја година ги добиваат планираните околу 100 милиони евра. Планираната сума од програмата за директни субвенции во земјоделството редовно и целосно се исплаќа.

Сакаме да потенцираме дека во календарската 2014 година на сметките на земјоделците им беа исплатени 6,4 милијарди денари односно реализирани се 98,88% од планираните средства. Од Програмата за 2015 година исплатени се 6,3 милијарди денари со реализација од 97,26%, а лани беа исплатени 5 милијарди и 500 милиони денари односно 97,83% од обезбедените средства согласно Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2016 година.

Дополнително потсетуваме дека земјоделските субвенциите се исплаќаат за производствената година. Тоа значи дека  субвенциите за 2016 година треба да се исплатат најдоцна до 30 јуни 2017 година. Тука ќе го дадеме примерот за тутунот, чие производство беше лани, а откупот траеше до 15-ти овој месец, по што на тутунарите за реколта 2016 во наредниот период ќе им бидат исплатени 25 милиони евра од Програмата за 2017 година.

Извесно задоцнување во исплатата за 2015-тата година се должи на фактот што министерството воведува и одредени дополнителни мерки кои произлегуваат од нарушувања на пазарот на земјоделските производи. Тоа е со цел да им се излезе во пресрет на барањата на земјоделските производители за покривање на нивните загуби. Од тие причини исплатата на субвециите се врши во две календарски години, но, уште еднаш ќе потенцираме дека се работи за мал процент од вкупната сума од над 100 милиони евра.

Инаку, за директните субвенции во 2017 година Владата има обезбедено 100 милиони евра. Но, поради различното толкување на Изборниот законик по последните парламентарни избори дојде до пречки во нивното исплаќање. Сепак, по добиеното позитивно мислење од Антикорупциската комисија и со стапувањето на должност на ново назначениот директор на Платежната Агенција, исплатата продолжува во наредниот период.

Видете следно

turistimk

Бројот на туристите е зголемен за 12.1%, а бројот на ноќевањата за 6.4%

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2017 година изнесува …