Зголемен бројот на туристите и ноќевањата во Македонија


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2017 година изнесува 51 599, а бројот на ноќевањата изнесува 103 721.

Бројот на туристите во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 22.6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 28.0%.

Бројот на домашните туристи во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 19.0%, а бројот на странските туристи е зголемен за 24.7%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 29.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 27.0%.

Во периодот јануари – декември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.3%, а кај странските има зголемување за 23.5%.

Во периодот јануари – декември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.2%, а кај странските има зголемување за 22.8%.

Видете следно

Предвидена изградба на 554 станови, со вкупна корисна површина од 41 505 м2

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2018 се издадени 205 одобренија за …