Жртви нема, а скопјани пријавуваат материјални штети


Според податоците, земјотресот кој беше регистриран попладнево во Скопје во 15:10 часот бил со магнитуда од 5,3 степени според Рихтер, а епицентарот бил на 7 километри источно од Скопје.

Првиот со јачина од 3,9 степени според Рихтер во 06 часот и 58 минути, вториот една минута подоцна со јачина од 2,8 степени според Рихтер.

Жртви нема, а скопјани пријавуваат материјални штети.

Во скопската населба Железара оџак од зграда паднал и целосно уништил еден автомобил, во маркетот на „Веро“ во населбата Аеродром од полиците паднале голем дел од производите, а во дел од старите градби во централното градско подрачје има оштетувања на фасадите.

Дирекцијата за заштита и спасување на својата веб страна има објавено прирачник или упатство за постапување на граѓаните при случаи на земјотрес.

steta

steta2


Видете следно

Солвео го проширува бизнисот со нова креативна агенција, Џуно!

“Веќе долго време бевме свесни за потребата на пазарот за квалитетни маркетинг услуги. Забележавме дека …