23/11/2017
marinabay2

Ѕирнете во луксузниот хотел Marina Bay Sands

Тој располага со секаков вид забава – најпознатиот инфинити базен, ресторани со првокласна кујна, кино сали, казино и дури мол.

Хотел Marina Bay Sands во Сингапур можеби е меѓу најпопуларните и препознатливи згради во светот.

Несомнено најпознат е тој со својот инфинити базен на покривот, од каде се открива неповторлива глетка кон модерниот град.

Објектот е со големина на три олимписки базени (долг е 142 м) и е највисокиот базен на целата планета.

Хотелот располага со 2.500 соби, во кои годишно преноќуваат 1 милион посетители. Цената на обична соба започнува од 200 фунти на ноќевање, а претседателскиот стан (на фотографијата) е со цена од 10 000 фунти на вечер.

Дизајнот на собите е со европски мебел, италијански камен и задолжителните прозорци од подот до таванот. При опремувањето работел и специјалист за фенг шуи, кој се погрижил секој најмал детал да носи позитивна енергија.

Во хотелот има над 60 ресторани кои нудат кујна од сите краеви на светот. Тука е едно од најголемите казина во Азија, има 20 барови и ноќни клубови, две кини сали со 4.000 места вкупно, музеј на науката и уметноста и голем број на настани во текот на годината.

Се разбира, има и трговски центар со многу скапи продавници на луксузни брендови.

 

Видете следно

astonmartin1

Се продава автомобилот Астон Мартин на Пол Макартни

Астон Мартин DB5 1964, во сопственост на музичарот Битлс Пол Макартни, ќе биде понуден на …