Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од Сараево порача дека Македонија во март ќе добие нова Влада.
СДСМ и политичките партии на етничките Албанци во Македонија ги договориле клучни точки и се очекува да формираат влада во март годинава, порача лидерот на социјалдемократите Зоран Заев денеска од Сараево.
„Сега мора да се договориме за распределбата на министрите и за реформската платформа на идната влада“, вели Заев, пренесува агенцијата Ројтерс.